Регулатива
СТРАТЕШКИ ПЛАН За период 2022-2024 година
Регулаторната комисија за домување (РКД) се стреми кон успешно реализирање на целите и приоритетите кои произлегуваат од работниот процес и деловните активности од областа на домувањето. На начин, кој ќе обезбеди зголемување на квалитетот на работењето со единствена цел, овозможувајќи професионални услуги на граѓаните. Во остварувањето на целта неопходно е стратешко планирање за донесување одлуки, каде што, креираната визија треба да стане реалност. Овој тип на планирање, во услови кога се случуваат брзи промени во општественото живеење, во голема мера помага успешно да се справиме со промените во опкружувањето и правилно да ги определиме нашите цели и приоритети.
ПРАВИЛНИК
за систематизација на работните места во Регулаторна комисија за домување
Врз основа на член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14 и бр.27/2016), Претседателот на Регулаторната комисија за домување Републка Македонија, на ден 17.05.2016 година донесе
ПРАВИЛНИК за систематизација на работните места во Регулаторна комисија за домување
ПРАВИЛНИК
за внатрешна организација во Регулаторна комисија за домување
Врз основа на член 17 став 7, од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ”, бр.27/2014, бр.199/2014 и бр.27/2016) и врз основа на член 108 од Законот за домување (“Службен весник на РМ” бр.99/2009, бр.57/2010, бр.36/2011, бр.54/2011, бр.13/2013, бр.55/2013, бр.163/2013, бр.42/2014, бр.199/2014, бр.146/2015 и бр.31/2016) Претседателот на Регулаторна комисија за домување, на ден 17.05.2016 година донесе
ПРАВИЛНИК за внатрешна организација на Регулаторна комисија за домување
ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
ПРАВИЛНИК
за деловна тајна во регулаторна комисија за домување
Со овој правилник се пропишува (определува) видот на документите и податоците кои се однесуваат на работењето на вработените и членовите во Регулаторна комисија за домување,што претставуваат деловна тајна,ако нивното соопштување на неовластено лице, поради нивната природа и значење би било спротивно на работата на вработените и членовите на Регулаторна комисија за домување,штетата на работните интереси и угледот на работењето,а особено:
- Начинот на употребата на документите и податоците кои претставуваат деловна тајна;
- Заштита на деловната тајна;
- Повреда на чувањето на деловната тајна и одговорност;
ПРАВИЛНИК
за заштита од пожари и експлозии во Регулаторна комисија за домување
Заради заштита од пожари на имотот и животот на вработените во Регулаторна комисија за домување, со овој Правилник се уредуваат мерките за заштита од пожари, организација и вршење контрола, овластувањата и одговорноста на вработените во Комисијата во заштитата од пожари, постапка и начин за запознавање на вработените при стапување на работа, место и начин на обучување на вработените во Комисијата за гасење на пожари, техничка опрема и уреди на гасење на пожари, нивна распореденост и време на испитување на нивната исправност и други прашања кои се однесуваат на заштита од пожар.
Регулаторна Комисија за Домување - Статут
Врз основа на член 109 ст. 1 точка 1 од Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 99/2009 и 57/2010, Регулаторната Комисија за Домување на седницата одржана на 23-27-2010 година донесе:
СТАТУТ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
Со Статутот се уредува името, седиштето, печатот, штембилот организацијата ,управувањето и раководењето, и седиштето, постапка за донесување на актите и нивното изменување и дополнување,како и други прашања од надлежност на Регулаторната Комисија за Домување. Регулаторната Комисија има својство на правно лице и е независна во своето работење и одлучување во рамките на надлежностите утврдени со овој закон.
Функцијата член на Регулаторната Комисија за Домување се врши професионално.
ЗАДАЧА И НАДЛЕЖНОСТИ НА РКД
Регулаторната комисија за домување ги има следниве надлежности:
- донесува статут, деловник и други акти за својата работа;
- се грижи за квалитетно задоволување на станбените потреби на населението, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, заштита на животната средина и природата;
- до министерот надлежен за работите од станбено-комуналната област поднесува предлог за висината на износот за посебните делови од резервниот фонд најниската вредност на истиот, како и за видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата;
- на барање на закупец на непрофитен стан ја проверува висината на непрофитна закупнина од членот 95 став 1 на Законот за домување;
- врши категоризација на становите согласно со пропишаните критериуми од членот 97 (став 1) на Законот за домување;
- ги издава, менува и одзема лиценците за вршење на управување, за што води регистар на управители на станбени згради;
- покренува иницијатива за донесување на закони и други прописи од областа на домувањето;
- посредува во разрешувањето на спорови што настануваат меѓу закупците, закуподавачите, управителите, сопствениците на посебните делови и трети лица во областа на домувањето и предлага мерки во врска со истите и доставува предлог до надлежните органи за преземање мерки во согласност со нивната надлежност и во постапка пропишана со закон кон субјектите кои нивната надлежност и во дејноста ја вршат спротивно Законот за домување.
Регулаторна комисија за домување ги пропишува начинот и постапката за запознавање на јавноста со својата работа. За своето работење, Регулаторната комисија за домување најмалку два пати годишно доставува извештај на Собранието на Република Македонија. Во врска со пршањето од својата надлежност, Регулаторната комисија за домување соработува со државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и трговските друштва што вршат дејности од областа на домувањето . Регулаторната комисија соработува со меѓународни органи и организации во својство на учесник, член или на друга договорна основа во областите од заеднички интерес.
НАЧИН НА РАБОТА НА РКД
СТРУЧНА СЛУЖБА НА РКД
- Секторот за општи, правни нормативни работи;
- Секторот за економско, финансиски работи;
- Секторот за стандардизација на домувањето и издавање на лиценци.
АКТИ НА РКД
- Деловник за работа на Регулаторната Комисија за Домување;
- Правила за однесување на членовите и вработените во Регулаторната Комисија за Домување заради спречување на судир на интереси и етички кодекс;
- Правилник за деловна тајна;
- Правилник за внатрешна организациона поставеност и систематизација на работни места;
- Правилник за заштита од пожар;
- Правилник за заштита при работа;
- Правилник за печатот и штембилите.
ФИНАНСИРАЊЕ НА КОМИСИЈАТА
Регулаторната комисија за домување се финансира од:
- буџетот на Република Македонија;
- приходите одстварени од вршење на работите од својата надлежност;
- средствата утврдени со други прописи.
ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА
Работата на Регулаторната Комисија за Домување е јавна.
Регулаторната Комисија за Домување ја известува јавноста за работата на нејзините одржани седници.
Регулаторната Комисија за Домување ги определува актите, работите и задачите кои се доверливи или не можат да се објавуваат.
Како доверливи се сметаат податоците содржани во актите, документите, информациите и публикациите кои не се достапни на јавноста согласно закононот за класифицирани информации.
Регулаторната Комисја за Домување издава службени публикации, одржува конференции за јавноста и создава услови за запознавање на истата со одлуките и работата на Регулаторната комисија за домување
Податоци и известувања за работата на Регулаторната Комисија за Домување дава претседателот на Регулаторната Комисија за Домување или овластен член од страна на председателот на Регулаторната Комисија за Домување.
Претседателот на Регулаторната Комисија за Домување ќе го ограничи давањето податоци, ако истите претставуваат државна, воена, службена или деловна тајна или ако давањето такви податоци би било во спротивност со законот за класифицирани информации.
ЗАКОН ЗА ДОМУВАЊЕ
Врз основа на член 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ
Се прогласува Законот за домување, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 јули 2009 година.