Се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека во тек е изменување и дополнување на Законот за домување. Сите граѓани кои имаат свои предлози за изменување и дополнување на истиот, можат да ги достават на нашиот меил info@rkd.gov.mk со цел за негово подобрување и зголемување на квалитетот за заедничко-колективно станбено живеење. Регулаторната комисија за домување доставените предлози ќе ги разгледа со особено внимание и истите може да ги предложи до Министерство за транспорт и врски како носител на Законот за домување.