Регистар на управители
Една од основните надлежности на Регулаторната Комисија за Домување е да издава и одзема лиценци за вршење на управување, за што води регистар на управители на станбени згради
Документи
Барателот на лиценца за извршување на должноста е должен до Регулаторната Комисија за Домување да поднесе:
Жиро сметка за уплата на такси и надоместоци
Сите такси и надоместоци потребни при барање на лиценца за управител на куќен совет се уплаќаат на образец ПП50 со внесување на следниве податоци:
-
Цел на дознака׃
Надоместок за лиценца
-
Назив на примачот׃
Регулаторна Комисија за Домување – Скопје
-
Банка на примачот :
НБРМ
-
Трезорска сметка :
100000000063095
-
Сметка на буџетски корисник :
020096159063116
-
Приходна шифра :
725939
-
Програма :
20
Права и обврски на управителот
(1) Управителот ги има следниве права и обврски:
- Ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови;
- Се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови;
- Ги застапува сопствениците на посебните делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел;
- Ги застапува сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки во врска со станбената зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето;
- Подготвува план за одржување на станбената зграда, план со динамика за спроведување на овој план и се грижи за спроведување на планот;
- Подготвува пресметка на трошоците за управување на станбената зграда и ги распоредува трошоците межу сопствениците на посебните делови;
- Ги прима уплатите на сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица;
- Ги информира сопствениците на посебните делови за својата рбота и им доставува месечни и годишни пресметки;
- Изготвува годишен извештај за управување со објектот;
- Во согласност со одредбите од законот стопанисува со резервниот фонд;
- Врши набрјување и нумерирање на становите и го пријавува уписот на податоците во органот што ги води јавните книги на недвижностите и
- треба да ги познава стандардите и нормативите за пристапност на лица со хендикеп во станбениот објект.
(2) Во споровите против обезбедувачот и изведувачите на работи поради делумно и нецелосно исполнување на обрските на обезбедувачи или извеувачи на работите на управување на станбената зграда, управителот може да поднесе тужба против обезбедувачот, изведувачот или третото лице причинител на штетата и во свое име.
(3) Правата и обврските на управителот од ставовите (1) и (2) на овој член не смеат да се исклучат или ограничат со договор на заемни односи и со договор на вршење управувачки услуги или други правни тела.
(4) Управителот може да има и други овластувања утврдени со овој закон и со договорот за вршење на управувачки услуги.
Тековно одржување
(1) Управителот е должен редовно да се грижи за вршење на поправки од помал обем (замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни делови и слично) на заедничките делови на станбената зграда. Трошоците за овие поправки ги поднесуваат сопствениците на посебните делови сразмерно на големината на нивните посебни делови.
(2) Извршувањето на работите од ставот (1) на овој член управителот го врши според настанатите потреби и по свое наоѓање и за извршените работи е должен во рок од 15 дена да состави писмен извештај и да го достави на собирот на сопственици.
Раскинување на договорот со управителот
Доколку управителот не ги исполнува обврските од договорот за вршење на управувачки услуги, не постапува со внимание на добар домаќин, сопствениците на посебните делови на најмалку една половина од посебните делови можат да го раскинат договорот со управителот, а управителот одговара и за штетата што со своето работење ќе ја причини на зградата или на посебен дел од зградата според општите правила за надоместок на штета.
Процедури за издавање на лиценци
Лиценца за управител може да добие правно лице ако ги исполнува следните услови :
- Да е регистриран во централниот регистар на Република Северна Македонија;
- Да има најмалку три вработени лица (М1 и М2 образец) од кои едно лице со високо образование со полно работно време и две лица со најмалку средна стручна подготовка со полно или скратено работно време;
- Во случај на склучени договори со над 3.000 посебни делови од станбена зграда бројот на вработените лица така што на секои дополнителни 3.000 посебни делови од станбена зграда за добивање на лиценца за управител за вршење на дејностите за управување со станбена зграда, покрај задолжителните три вработени лица мора да има уште по едно вработено лице со полно работно време и на секои дополнителни 3.000 посебни делови минималниот паричен влог мора да се зголеми за 5.000 евра во денарска противвредност;
Вработеното лице со високо образование мора да поседува и потврда за успешно совладана обука за вршење на дејностите на управување со станбена зграда, издадена од Регулаторната комисија за домување.
Лиценцата се издава/продолжува со рок на важење од 5 (пет) години.
За издавање/продолжување на лиценцата се плаќа надоместок во износ од 1000 евра во денарска противвредност.
Листа на сите лиценцирани управители со станбени објекти во Р. Македонија.
Име на правно лице
Седиште
Град
Одговорно лице за застапување
Контакт телефон
Одземена лиценца
БАРБИР
Ул.Иво Лола Рибар бр.85 Штип
Штип
Марија Ристовска
| 032/399-917 |
| barbirdooel@yahoo.co m |
Вратена лиценца
БИРО КОНСАЛТ
Ул.Вера Јоциќ бр.1Д/1-18 Скопје
Скопје
Донка Галевска
| 02/2777 850 | |
| 070/885-222 |
| biro.konsalt@gmail.com |
Лиценца со изминат рок
ЛИБРА КОНСАЛТИНГ
Ул.Народни Херои бр.23-1/3 Скопје Кисела Вода
Скопје
Тања Марковска
| 02/6143-236 | |
| 070/346-344 |
| consultinglibra@gmail.com |
Лиценца со изминат рок
ХАУСМАЈСТОР ДОМУВАЊЕ
Ул.Бул.Партизан ски Одреди бр.97/12 Скопје
Скопје
Владимир Киселички
| 02/3123 312 | |
| 071/200-166 |
| info@hausmajstor.com.mk |
Активна лиценца
Р.С БОБИ 99
Ул.Херој Карпош бр.3-1/ кат 1 П-фах 236 Прилеп
Прилеп
Славчо Ристески
| 075/725-402 |
| rsbobi99@gmail.com | |
| info@rsbobi99.mk |
Активна лиценца
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС
Ул.Лондонска бр.11А Скопје, Карпош
Скопје
Васе Самараков
| 02/3120 222 | |
| 070/398-788 |
| info@hauzmajstor.com |
Лиценца со изминат рок
ДОМ СЕРВИС
Бул.Јане Сандански бр.111/24 Скопје Аеродром
Скопје
Татјана Николиќ
| 071/230-881 | |
| 078/235-910 | |
| 078/235-920 | |
| 078/235-930 |
| dom.servis@t.home.mk | |
| domservismk@gmail.com |
Активна лиценца
УРБАН СОЛИТЕР
Бул.Туристичка бр.77 (ТЦ Градски Пазар, кат 2, канц.26) Охрид
Скопје
Менде Атанаскоски
| 076/278-702 | |
| 046/264-801 |
| info@urbansoliter.com |
Одземена лиценца
АРТ-МАС ГРОУП
Ул.Бул.Јане Сандански бр.70/2 Скопје
Скопје
Ќаили Мендерес
| 02/3064 347 | |
| 070/214-461 |
| artmasgroup@gmail.com |
Лиценца со изминат рок
ИНКОМ ИНЖЕНЕРИНГ
Ул.Бул.Јане Сандански бр.70/2 Скопје Аеродром
Скопје
Стефан Велковски
| 071/298-957 | |
| 02/2450 512 |
| inkominzenerin g@gmail.com | |
| inkodel@gmail.com |
Активна лиценца
ВАШ ЕКО ДОМ УПРАВИТЕЛ
Ул.Бул.Партизански Одреди бр.37/К2 -мезанин
Скопје
Маринела Блажевска
| 02/6136 769 |
| Ekodom2011@gmail.com |
Вратена лиценца
СТАНБЕН СЕРВИС-БИЗНИС ЦЕНТАР
бул.”Кузман Јосифовски Питу” бр.30/3-7
Скопје
Јанкуловски Влатко
| 02/6136 783 | |
| 078/364-710 |
| stanben.servis@gmail.com | |
| https://stanbenservis.mk |
Активна лиценца
КРЕДИТО
Ул.Ленинова бр.5
Кавадарци
Христина Панчевска
| 071-230-100 |
| kreditodooel@gmail.com |
No posts found