Тука можете да ги преземете потребните примери кои се однесуваат на заедница на сопственици на посебни делови, согласно Законот за домување - 21.7.2010
Сопствениците на посебните делови можат да донесат одлука за формирање заедница на сопственици како правно лице за управување со станбената зграда. Одлуката може да се донесе само во согласност на мнозинството сопственици на посебните делови.
Со одлуката за формирање на заедница на сопственици, сопствениците на посебните делови се должни да донесат и статут на заедницата на сопственици.
Сопствениците на посебните делови задолжително формираат резервен фонд.
ПРАВИЛНИК ЗА ВИСИНАТА НА ИЗНОСОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ ДЕЛОВИ ВО РЕЗЕРВНИОТ ФОНД
Со овој правилник се пропишува висината на износот за посебните делови во резервниот фонд, најниската вредност на истиот, видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата.
Управителот, односно претседателот на заедницата на сопственици и сопствениците на посебните делови во станбените, станбено-деловните и деловно- станбените згради или закупците, се должни да им овозможат на инспекторите од членот 116 на овој закон, непречено извршување на работите на инспекцискиот надзор, да им ги стави на увид исправите и податоците кои се потребни за вршење на надзорот, како и да им овозможи пристап до просториите и документите кои се предмет на инспекцискиот надзор.